ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Seat се сели од Каталонија?

Раководството на Seat не ја исклучува можноста да го пресели седиштето на компанијата надвор од Каталонија во случај шпанската покраина прогласи и „добие“ независност, соопштува Reuters, цитирајки го писменото обраќање на шефот Лука де Мео кон персоналот на компанијата

Според него политичката стабилност и законитоста во регионот се од исклучителна важност за компанијата, работниците и акционерите. Централата на Seat и нејзината фабрика се наоѓаат во Барселонското предградие – Марторел. Таму се произведуваат повеќето автомобили на марката (околу 450.000 годишно) и Audi Q3. Во фабриката во моментов има 14.000 вработени.
Seat
Европската унија јасно даде до знаење дека ако прогласи независност, Каталонија ќе се најде надвор од зоната за слободна трговија. Така продукцијата на Seat нема да биде конкурентна и производството ќе треба да биде пренесено во други фабрики на VAG.
Seat

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close