fbpx

Седан верзијата на VW Passat заминува во историјата

Volkswagen дефинитивно се откажува од производството на седан верзијата на моделот Passat кој беше еден од најпопуларните автомобили во текот на својата историја

Како што пренесува Autocar, германскиот производител Volkswagen стави крај на производството на Passat седан во Европа. Причините за оваа одлука вклучуваат далеку подобрите продажни бројки на караванската изведба, како и пристигнувањето на Arteon.

Најавите за тоа дека Volkswagen ќе ја згасне седан верзијата на Passat во Европа постојат уште од 2020 година. Се очекуваше конечниот крај да пристигне во 2023, но се чини дека производителот го забрза пензионирањето на својот модел.

Актуелната B8 генерација на Passat ќе доживее големи промени во 2023. Моделот од деветтата генерација ќе биде поставен на унапредената MQB платформа. Со овој најнов развој на настаните, деветтата итерација на моделот ќе биде достапна исклучиво како караван кога ќе се појави во продажба во Европа.

Инаку, Volkswagen Passat е достапен и како седан и како караван уште откако оригиналниот модел, дизајниран од Џорџето Џуџаро, беше лансиран во 70-тите години на минатиот век. Пензионирањето на Passat се шпекулира дека ќе го отвори патот за престојниот Volkswagen Aero B. Целосно електричниот седан во моментов е во развој, а влече дизајнерска инспирација од ID Space Vizzion концептот од 2019 година. Со оглед на тоа дека концептот беше прикажан како караван, се очекува дека Aero B ќе пристигне и како седан и како караван, како што беше случајот и со Passat.

 

Поврзани вести

Back to top button