fbpx

DFSK Seres електричните возила сега достапни и во Македонија

Електричните автомобили на Seres, кој е бренд во сопственост на кинескиот автомобилски гигант DFSK, сега се достапни и на македонскиот пазар

Златно Тркало финалист 2021
DFSK веќе ја најави својата офанзива на Стариот континент, а дел од оваа стратегија се и електричните возила од брендот Seres. Откако ги испратија првите возила за германскиот пазар, Seres 3 сега пристигна и на македонскиот пазар. Редакцијата на Авто Плус имаше можност да ги види новите електрични кросовери во продажниот салон на ABC Brother.

Како што веќе напоменавме, ова е ново патешествие за Seres, кој почнува со пласманот на европскиот пазар, а со тоа се отвара и ново поглавје во историјата нa DFSK, кој пак најави дека во иднина се повеќе електрични автомобили на подбрендот Seres ќе се приклучат на светската дистрибуциска мрежа, а Македонија не е исклучок.

Seres S3 електричните автомобили кои ќе бидат пласирани на македонскиот пазар, се напојуваат со електромотор кој испорачува 163 КС и 300 Nm вртежен момент. Капацитетот на LifePO4 батеријата изнесува 52 kWh, која овозможува автономија на движење од 329 километри според WLTP стандардите, односно 405 според NEDC.

Модерен изглед

Од она што можевме да го забележиме, Seres 3 електричните автомобили се одликуваат со модерен дизајн, а кросоверите нудат навистина голема пространост. На предниот дел се наоѓаат дневните LED светла и интересниот дизајн на „решетката“, која практично не постои, што е сосема очекувано бидејќи станува збор за електричен модел, а веднаш под значката се наоѓа и предна камера. Седиштата се обвиени во кожа, а пред возачот се наоѓа дигиталниот инструмент кластер, кој се комплементира со 10,25-инчниот инфозабавниот систем.

Меѓу останатите стандардни елементи кои се вклучени, тука се автоматскиот клима-уред, алуминиумски тркала, LED задни светла, аудио систем со DAB радио, панорамскиот покрив, како и Android Auto и Apple CarPlay конективност. Тука се и предните и задните паркинт сензори и електронското подесување на предните седишта. Seres 3 исто така нуди и бесконтактен пристап и стартување на возилото, сензор за дожд, темпомат, како и голем број на безбедносни и системи за асистенција на возачот.

Според податоците, забрзувањето од нула до „стотка“ се стигнува за 8,9 секунди, а максималната брзина е 155 километри на час, а моќноста се испраќа на предните тркала, преку автоматскиот менувач. Seres 3 нуди и три режими на возење – Normal, Eco и Sport.

Кога станува збор за полнењето, со брз полнач од 100 kW, батеријата од 20 до 80 проценти се полни за 38 минути, додека пак со користење на трофазен 22 kW полнач, полнењето од 0 до 100 проценти се одвива за 9 и пол часа.

Seres 3

Новите Seres 3 електрични возила во Македонија ќе се нудат во две нивоа на опременост по почетна цена од 30.000 евра, а наскоро го очекуваме овој електричен автомобил и во нашата редакција на тест возење.

Поврзани вести

Back to top button