fbpx

Шангај 2021: Volkswagen го претстави ID.6

Volkswagen на Салонот за автомобили во Шангај го претстави своето трето електрично возило од ID семејството, наречено ID.6

Со димензии речиси 30 сантиметри подолг од ID.4, достапно во две верзии, Volkswagen го претстави новиот ID.6 кросовер кој е дизајниран специјално за кинескиот пазар. VW ID.6 Crozz и ID.6 X благодарение на дополнителната должина, може да собере до седум патници. Должината на новиот електричен кросовер изнесува 4,8 метри, а поради тоа се одликува со голема пространост во внатрешноста.

ID.6

Кога станува збор за погонот, тој е дел од истата MEB платформа на која се поставени ID.3 и ID.4. Во овој случај, ID.6 е достапен со 58 или 77 kWh батерија. Според кинескиот NEDC тест циклус, електричниот кросовер има опсег на движење меѓу 436 и 588 километри, зависно од која батерија ќе ја избере купувачот.

Базичниот Volkswagen ID.6 пристигнува со еден електромотор поставен на задниот дел кој испорачува 180 КС, со што од нула до 100 км/ч ќе стигнува за 9,3 секунди. Ниво погоре се наоѓа верзијата со еден електромотор, но со 204 КС моќност. На врвот се наоѓа опцијата со два електромотори, по еден на двете осовини за вкупна моќност од 305 КС, благодарение на што спринтот од нула до „стотка“ се стигнува за 6,6 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 160 километри на час.

Без физички контроли

Во внатрешноста, Volkswagen ветува ентериер целосно ослободен од копчиња, а корисниците ќе можат да командуваат со различни функции преку 12-инчниот инфозабавен екран. ID.6 исто така е достапен со head-up екрај со проширена реалност кој ги пренесува информациите на предното стакло. Бежичните „over-the-air“ унапредувања за софтверот исто така ќе бидат овозможени, а ID.6 ќе користи и гласовни контроли.

Што се однесува до опцијата за повеќе патници кај електричниот кросовер на Volkswagen, истиот ќе има и панорамски стаклен покрив со кој патниците ќе бидат изложени на природна светлина, а панорамски сончев покрив на отворање ќе биде достапен како опција.

Новиот електричен SUV на Volkswagen ќе се нуди со опција од 19, 20 и 21-инчни тркала. ID.6 Crozz е поставен нешто повисоко со поголем клиренс во однос на ID.6 X и се карактеризира со нешто понагласен пластичен трим со кој се истаскнува кросовер карактерот, а ќе биде опремен и со поинаков стил на предни светла и изменет преден браник.

Двете верзии на VW ID.6 ќе се произведуваат во Кина. Crozz ќе се склопува исклучиво во фабриката на брендот во северниот дел на Кина, додека X ќе се произведува на спротивната страна од државата.

Поврзани вести

Back to top button