fbpx

Great Wall на автосалонот во Шангај ќе покаже пикап од новата серија P

На крајот на минатата година кинескиот бренд одлучи да се концентрира на производство на SUV изведби и вети дека во наредните три години ќе пушти барем пет нови модели, а барем еден од нив ќе биде електричен

Лансирањето на новата линија на Great Wall ќе се одржи на 16-ти април на автосалонот во Шангај со дебито на пикап серија P, за која речиси не се знае ништо. Во прелиминарните слики не е сокриено ништо, така што можеме да сметаме дека тоа е серискиот изглед на моделот.

Голема е веројатноста моторот да биде 2.0 турбодизел во комбинација со осумстепена автоматска трансмисијата на ZF, а платформата и повеќето атрибути од новитетот да бидат превземани во следната генерација на теренецот Haval H9.

Great Wall

Во моментов Great Wall нуди пикапи од сериите Wingle / Steed (5, 6, 7). Во иднина новите модели ќе бидат поскапи што е и логично поради нивните квалитети, но сепак ќе останат финансиски подостапни од своите конкуренти.

Владата на Кина направи промени во некои регулативи, со цел автомобилот да биде дозволен до некои урбани области. Со тоа побарувачката на пикапите порасна за 10% и нивната продажба достигнаа 452.000 единици. Овој податок ја прави Кина втор по големина пазар за пикапи во светот по САД.

Great Wall објави дека се потпира на идно 40% пазарно учество со новиот модел и затоа прави сериозни инвестиции во новото производство на пикапи.

Great Wall

Поврзани вести

Back to top button