НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Систем за впрскување вода од Mahle

Mahle со решение за впрскување на вода за мотори кои можат да користат вода од чешма, преку развиен модул кој комбинира јаглероден филтер и јонски изменувач

Впрскувањето вода во бензинските мотори го спречува збогатувањето на мешавината со цел заштита на компонентите при големи брзини и оптоварувања на моторот. Исто така, ги намалува загадувачките супстанции во издувната емисија при делумно оптоварување.

Постоечките системи користат резервоар за вода кој мора редовно да се полни со дејонизирана вода. За на возачот да му се олесни овој процес на полнење, Mahle развил комбинација од филтер со активен јаглен и јонски изменувач. Овој модул за третман овозможува наменскиот резервоар во возилото да се полни со вода од чешма, која потоа се третира „on board” за впрскување во моторот.

Според Mahle, компактната конструкција значи дека модулот за третман може да се вгради на различни локации во возилото. Исто така, може да се интегрира во доводот до резервоарот, но недостаток е времето на контакт помеѓу водата од чешма со филтерот и медиумот за јонска измена, за време на процесот на полнење.

Сепак, вградената инсталација како бајпас на пумпата за вода или во резервоарот, или како вграден елемент спротиводно на инјекторите, се покажа како ветувачка. Особено, последната варијанта има очигледни придобивки во однос на трошоците и употребливоста.

Тестови со користење на вградени извори на вода – Како дел од тековните тестови, Mahle го испитува и третманот на водата кој се добива „on board” за време на работата на возилото. Изворите на вода вклучуваат систем за климатизација и проток на издувни гасови, кои имаат содржина на вода од околу 13% за стехиометриско согорување.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close