ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Škoda ја мина границата од 20 милиони произведени автомобили

Чешката компанија Škoda додаде уште едно импресивно достигнување во својата историја

Ова е објавено од страна на прес-службата на брендот.

Јубилејното возило кое се симна од производствените ленти на фабриката во Квасини, во Чешка, беше новиот кросовер Škoda Karoq. Од компанијата се категорични дека ова само ја докажува успешната стратегија на брендот, која се развива со драстичното темпо, откако стана дел од Volkswagen Group во 1991 година.
Škoda Karoq
– Производството на 20 милиони автомобили е огромно постигнување во историјата на Škoda Auto. Ние секако, сме поставиле уште повисоки цели и сега ќе се обидеме да го подобриме рекордот на произведени и продадени автомобили за една година. Сето тоа е дел од нашата „Стратегија 2025“, која ја подготви компанијата и е во склад со збиднувањата и современите трендови во автомобилската индустрија, истакна претседателот на Škoda, Бернард Маер.

Škoda Karoq

Škoda Karoq
Чешката компанија е еден од најстарите производители во светот, а првите возила се направени во фабриката во Млада Болеслав уште во 1905 година Првиот сериски автомобил на марката е моделот Voiturette A. Претходно оваа година Škoda одбележа уште еден важен јубилеј, откако го произведе 15-милионскиот автомобил од моментот на влезот на брендот во концернот Volkswagen Group.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close