fbpx

Škoda го објави првиот тизер за новата Fabia

Škoda со првата тизер фотографија и официјално ја најави новата генерација на субкомпактниот модел Fabia, чија премиера е закажана за оваа пролет

Она што подолго време се најавуваше, сега е и официјално. Новата генерација на Škoda Fabia пристигнува оваа година, а чешкиот производител го објави првиот тизер за својот субкомпактен хечбек, заедно со првичните детали. Четвртата генерација на Fabia ќе биде позиционирана под компактот Scala, модел кој ќе има сериозно влијание врз дизајнот на малиот хечбек од Млада Болеслав.

Иако од тизер фотографијата која ја објави Škoda не може да се забележи многу, сепак истата е проследена со неколку детали. Имено, новата Fabia ќе биде поголема во сите можни димензии во однос на третата генерација која е во замнување. Најважно од се, Škoda Fabia конечно се префрла на MQB-A0 платформата која ја користат и останатите нејзини „роднини“ од Volkswagen групацијата. Со ова, малиот хечбек ќе добие поцврста каросерија и најновите безбедносни и системи за асистенција кои ги има кај Polo, Ibiza и A1.

Fabia

Зголемените димензии ќе резултираат со поголема пространост во внатрешноста, а багажниот капацитет ќе порасне за 50 литри во однос на претходно, односно ќе се одликува со одлични 380 литри. Како и останатите модели на Škoda, така и Fabia ќе се одликува со поголема пространост во однос на останатите модели од Volkswagen. Потврдено е дека Fabia ќе добие и караванска верзија, но таа нема да биде лансирана до крајот на 2022 или почетокот на 2023.

Во срцето на четвртата генерација ќе се најде EVO бензинскиот мотор кој се одликува со ниска емисија на CO2. Конкретно, станува збор за 1,0-литарскиот трицилиндерски TSI EVO мотор со турбо полнач кој веќе е достапен кај другите Škoda модели. Според информациите, ќе испорачува моќност од 110 КС и 200 Nm максимален вртежен момент. Новата Škoda Fabia ќе се нуди со шестстепен мануелец или седумстепен DSG менувач преку кои силата ќе се испраќа на предните тркала.

 

Поврзани вести

Back to top button