Европска премиера за Škoda VISION E

Eлектричниот концепт на Škoda, моделот VISION E ќе ја одбележи својата европска премиера на салонот во Франкфурт

Цело-електричниот концепт на Škoda, моделот VISION E ќе ја одбележи својата европска премиера на салонот во Франкфурт за неколку дена.

Футуристичкииот концепт Škoda VISION E дебитираше во април за време на меѓународниот саем во Шангај и стана прв во историјата на брендот целосно електричен модел. Škoda VISION E е опремен со два електромотори со вкупна моќност од 306 коњски сили, а благодарение на литиум-јонските батерии, електромобилот е во состојба да понуди автономно движење од 500 километри.

Максималната брзина на движење на концептот е ограничена на 180 km/h, а во опремата на автомобилот е вклучен и систем за целосно автономно управување од Ниво 3. Благодарение на компактниот погонски систем и основните димензии од должина 4.688, ширина 1.924 и височина 1.591 mm, со меѓуоскино растојание од 2.851 милиметри, Škoda VISION E нуди прострен и футуристички ентериер со ергономски седишта и нестандардна изведба на вратите.

VISION E

Електромобилот е опремен исто така со систем за поддршка на управувањето во метеж, автопилот за автопатишта, систем за автоматско паркирање, следење на срцевиот ритам на возачот, гласовно и гестово управување на вградените системи и многу други состави и елементи.

Интересна карактеристика на Škoda VISION E е системот за индукционо полнење на литиум-јонската батерија, која гарантира целосно полнење за една ноќ. Благодарение на интеграцијата на системот за брзо полнење, батериите за концептот може да се полнат до 80% за најмалку 30 минути.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close