Следната генерација на Cupra Leon ќе биде целосно електрична

Cupra го потврди продолжувањето на производството на бензинските верзии на моделот Leon и во следната деценија, но исто така најави дека овој модел на крајот ќе премине во серија која ќе се движи исклучиво на електрична енергија. Идната генерација на Leon, кога конечно ќе стане електричен, ќе биде изградена на платформата Scalable Systems Platform (SSP) на Volkswagen Group, која ќе биде основа за многу идни електрични возила на групацијата.
Leon само под брендот Cupra?
Оваа трансформација може да значи и крај на верзијата на Leon со брендот Seat, бидејќи Cupra би можела целосно да го преземе овој модел. Новиот електричен Leon, кога ќе пристигне, ќе се приклучи на растечката електрична гама на Купра, каде веќе се моделите Tavascan, Raval и Born.
Иако деталите за новиот електричен Leon се уште се нејасни, платформата SSP ветува споделување на батерии и погони со други електрични возила на VW Group.
Доволно време за љубителите на бензинските мотори
За оние што ја преферираат сегашната генерација на Leon со бензински или плаг-ин хибридни мотори, добрата вест е дека овој модел нема да исчезне скоро. Извршниот директор на Cupra, Вејн Грифитс, изјави дека актуелниот Leon ќе остане „добро во следната деценија“. Ова би можело да значи дека бензинскиот Leon ќе биде достапен уште најмалку неколку години, пред електричната верзија целосно да го замени.
„Cupra Leon и Cupra Formentor се базирани на иста платформа,“ истакна Грифитс. „Ќе ги продолжиме тие модели добро во следната деценија, но ќе се погрижиме тие да останат конкурентни со фејслифт и подобрувања.“ Сепак, тој јасно потенцира дека иднината на Leon е електрична.
Освежување за сегашниот Leon
Минатата година, Cupra веќе презеде чекори за да го задржи моделот Leon атрактивен. Во април беше претставена обновена верзија со дизајнерски подобрувања, како што се поагресивна предна маска со нови триаголни LED фарови и поголема решетка. Задниот дел, исто така, доби освежување, со нови задни светла и осветлено лого на Cupra.
Актуелниот Leon е достапен во хечбек и караван верзии, но со намалување на популарноста на караваните во корист на SUV моделите, не е сигурно дали идната генерација ќе понуди караван.