Следниот Nissan Qashqai ќе има две хибридни верзии

Следната генерација на хит моделот на Nissan Qashqai нема да добие некои радикални промени во дизајнот во однос на сегашната генерација, но ќе има големи промени во погонот

Пазарното деби на следниот Qashqai е закажано за 2020 година, а моделот ќе добие две хибридни верзии.

Во овие најави потврдено е дека моделот нема да има целосно електрична верзија. Точно е тоа дека Nissan планира да има целосно електричен модел во овој сегмент, кој по се ќе има сосема нова платформа, како и друго име. Новиот Nissan Qashqai ќе ја користи платформата Renault-Nissan CMF, која овозможува хибриден погон. Се очекува едната хибридна верзија на моделот да го користи иновативниот систем на Nissan ePower, а другата ќе е plug-in опција која доаѓа од Mitsubishi.

Nissan Qashqai

Во моментов ePower се користи кај јапонскиот варијанта на Note, а формулата е следнава: хибридниот систем користи бензински мотор, кој ја игра улогата на генератор за полнење на батерија, која пак црпи енергија и од електромоторите.

Plug-in технологијата на Mitsubishi е доста популарна и јапонскиот бренд е лидер во развојот на оваа технологија, благодарение главно на електронските блокови за управување со моторите, дело на Mitsubishi Electronics. Се претпоставува дека следниот Qashqai ќе користи варијанта на системот што е достапен за Outlander PHEV.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close