fbpx

И Smart заврши со моторите со внатрешно согорување

Марката Smart, која му припаѓа на Mercedes-Benz, ќе произведува само електрични модели

Процесот на преориентирање на производството во Европа ќе заврши до 2020 година, изјави шефот на германскиот концерн, Дитер Цетче.

На американскиот пазар, оваа трансформација е завршена, па Smart ги нуди своите модели ForTwo Coupe и ForTwo Cabrio само со електрични мотори. Тие се опремени со мотор од 81 КС и 160 Nm вртежен момент, кој се напојува со 17,6 kW/h батерии.

Ова е доволно за автономија од 93 километри. Забрзувањето од 0 до 96 km/h (60 милји по американски стандард) кaj Smart Smart трае 11,4 секунди. Времето за полнење од посебна станица е 3 часа, додека од стандардната електрична мрежа е 21 час.

Smart

Smart стана втор бренд кој оваа година го објави комплетно префрлување на електрични автомобили. Тоа го направи брендот Lagonda, новиот оддел за електромобили на Аston Martin. За разлика од матичната компанија која ќе продолжи да развива мотори со внатрешно согорување, новиот британскиот производител ќе се потпира само на моделите со нулта емисија.

Smart

Поврзани вести

Back to top button