fbpx

Спојувањето на Fiat и Peugeot носи тектонски промени на пазарот

Спојувањето на групациите PSA и FCA ќе предизвика тектонски пореметувања на пазарот и производството на автомобили во Европа

Со спојувањето на Fiat и Peugeot ќе се создаде моќна корпорација која ќе може да му парира на Volkswagen, Renault-Nissan и Toyota корпорациите кои годишно произведуваат 10 милиони возила на речиси сите континенти.

Очигледна е желбата на Европјаните преку Chrysler да дојдат и до богатиот американски пазар, но тоа ќе биде малку потешко со оглед на политиката на Трамп дека само она што е произведено во Америка не подлежи на такси.

Билансот на силите во комбинираната група ќе биде политички чувствителна тема и во Франција и во Италија како нејзин нов менаџмент. Новиот шеф, португалецот Таравес, бара годишна заштеда од 3,7 милијарди евра.

Иако производителите на автомобили се обврзаа дека нема да затворат ниту една фабрика, Fiat и Peugeot ќе се обидат да ги заштитат работните места и преку нивните домашни производни бази.

„Парите и профитот на акционерите немаат ниту боја ниту мирис. Ние сме подготвени да правиме се како и досега, а кинеските парите само ни даваат поголема слобода да експериментираме со новите технологии“, изјави Карлос Таварес.

Финансиската равенка при спојувањето на PSA и FCA со 50-50 од акциите, прави баланс на моќ. FCA треба да плати дивиденда од 5,5 милијарди евра на своите акционери пред да се заклучи договорот. Треба да се додаде и тоа дека кинеските инвеститори веќе долго време поседуваат 49 проценти од акциите на групата PSA што ја купи Opel.

Сите одлуки во врска со извршниот директор ги носи Управниот одбор, изјави Таварес пред новинарите, со напоменување дека се уште е прерано за било какви заклучоци.

Ниту еден бренд нема да загуби од својата оригиналност

Треба време за да се расчисти улогата на секој бренд поединечно. Кинеските инвеститори направија добри пресеци, прво во Citroen и Peugeot, а тоа продолжи и со Opel. Доволно е да се каже дека сите платформи за автомобилите Opel, менувачите и моторите, доаѓаат од Peugeot или Citroen. Со Fiat, велат аналитичарите, ќе биде можеби и поинаку, но електроплатформите ќе бидат исти, како и доставувачите на батерии за електричните возила.

„Ние сметаме дека не треба секој поединечно да вложува во својот развој, тоа е многу скапо. На пример земете не нас, многу успешна работа со Opel, сите нивни модели ќе се базираат на PSA платформата и поголемиот дел од моторите ќе бидат исти. Околу електричните автомобили допрва правие заштеди, а со Fiat ги разработуваме плановите околу платформата и дизајнот. Ниту еден бренд нема да загуби од својата оригиналност“, истакна Таварес.

Поврзани вести

Back to top button