fbpx

Subaru го покажа BRZ Super GT

Subaru го претстави новиот BRZ во ноември, а сега компанијата ја претстави и новата тркачка варијанта на овој автомобил во Јапонија

Подготвен да се натпреварува во Super GT300 класата, новиот Subaru BRZ Super GT се карактеризира со агресивен екстериер со перки и преден сплитер. Моделот исто така е опремен со нов преден браник, вентилирачка хауба и жолти предни светла.

Промените не застануваат тука, со оглед на тоа дека тркачкиот автомобил се одликува и со проширен body kit и лесни прозорци. Тука се и минималистичките ретровизори и нешто што се чини како дополнителен отвор за излез на покривот во случај на несреќа.

Задниот дел на Subaru BRZ Super GT очигледно влече инспирација од „патничкиот“ BRZ, но е далеку поекстремен со оглед на тоа дека тука е дводелниот дифузер и масивниот заден спојлер. Меѓу останатите впечатливи карактеристики, треба да се издвојат и BBS тркалата и карбонските панели на каросеријата.

Во моментов малку работи се познати за тркачкиот автомобил, но „обичниот“ BRZ ќе се најде во продажба во САД следната есен и се одликува со 2,4-литарски четирицилиндерски boxer мотор кој испорачува 231 КС и 249 Nm максимален вртежен момент. Моторот може да се комбинира со шестстепен мануелец или со опционален шестстепен автоматски менувач со нов Sport режим. Без оглед на тоа која трансмисија ќе се избере, двете ја испраќаат моќноста до задните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување.

Покрај новиот погон и унапредениот стајлинг, Subaru BRZ се карактеризира со потврда шасија која позајмува елементи од Subaru Global Platform. Моделот се одликува и со лесен дизајн со оглед на тоа дека користи алуминиум за предните крила, покривот и хаубата. Благодарение на ова, купето тежи помалку од 1.315 килограми.

Поврзани вести

Back to top button