Субвенциите за ЦНГ и ЛПГ уреди објавени

Министерството за економија го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на уред за погонување на ТНГ, ЦНГ (метан) или друг вид на алтернативно гориво

Предмет на јавниот повик е надоместување до 50 % од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило.

Согласно програмата за субвенционирање предвидени се 15.000.000 денари. Надоместок на дел од трошоците е можен само за едно возило по семејство, а право на учество на јавниот повик имаат физички лица, сопственици на возила произведени од 2005 година наваму.

По завршувањето на јавниот повик, во декември Министерството ќе отпочне со разгледување и избор на физички лица кои ќе бидат субвенционирани и ќе започне со уплата на износот на сметката на сопственикот на возилото, а за доказите ќе одлучува комисија од три члена и нивни заменици. Изборот за тоа кој ќе ги добие парите на својата сметка ќе се прави по принципот „прв дојден прв услужен“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на барањата до целосно исцрпување на средствата.

Од Министерството изјавија дека се очекува со оваа мерка да бидат опфатени околу 1.200 возила на годишно ниво. Повеќе информации на Министерство за Економија (линк).

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close