fbpx

Судот во Берлин ја запре изградбата на Tesla Gigafactory

Изградбата на фабриката на Tesla во Германија доби нов заплет, откако планираната Gigafactory влезе во вистински лавиринт

Изградбата на Tesla Gigafactory е запрена, откако берлинскиот суд ја отфрли одлуката на понискиот суд, кој претходно пак ја одби жалбата на организацијата за заштита на околинта. Имено, од организацијата се обидоа да го запрат сечењето на шумите југоисточно од Берлин, но првично не наидоа на поддршка.

Сега, новата одлука значи дека Tesla мора веднаш да запре со сечењето и со тоа да ја запре изградбата на својата фабрика.

Минатиот ноември шефот на Tesla, Елон Маск, најави дека во Берлин ќе биде поставена нова Gigafactory. Се очекува дека фабриката ќе биде сместена во близина на новиот аеродром во Берлин, каде исто така ќе биде изграден инженерски и дизајнерски центар. Една од главните причини за изборот на Германија се инженерските знаења по кои земјата е позната, изјави Маск. Се проценува дека земјиштето ќе чини 41 милион евра.

Германскиот министер за економија, Петер Алтмајер, изјави дека компанијата Tesla би можела да добие државни субвенции за изградба на фабриката.

Поврзани вести

Back to top button