T-Roc кабриолетот на Volkswagen започна со производство

Единствениот кабрио модел во понудата на Volkswagen ќе се произведува во Оснабрик, а испораките ќе започнат веќе на пролет

Кабриолет верзијата на T-Roc е експанзија на линијата T-Roc, која веќе ја вклучува стандардната варијанта на кросовер со четири врати. Новиот кросовер на Volkswagen дебитираше во 2017. година, давајќи му на брендот свој подкомпакт, со што сегментот продолжи со својот раст.

Т-Roc кабриолетот придонесува повеќе за стилот отколку што нуди разновидност која би ја очекувале од типичен кросовер. Опремен со мек собирлив покрив кој со притискање на кочето се крева или спушта за само девет секунди, T-Roc моделот на Volkswagen ќе се симне од производните ленти на фабриката во Оснабрик, Германија, во која веќе се произведува и спортскиот двосед Porsche Cayman.

T-Roc кабриолетот пристигнува две години по претставувањето на истоимениот кросовер модел со четири врати. VW на љубителите на отвореното небо ќе го понуди моделот со две врати во комбинација со два пакети на опрема, Style и R-Line, како и две бензински моторни опции.

VW T-Roc cabriolet

Style нуди 17-инчни тркала, амбиентално осветлување, а како опција доаѓа и кожниот ентериер. Од друга страна, со R-Line следуваат и спортски седишта, а исто така и тој доаѓа со 17-инчни тркала, но постои опција и 19-инчни тркала. Како опции се нудат и Beats аудио систем, 11.7-инчен дигитален инструмент панел, како и многу други работи.

Помалиот литарски три-цилиндричен турбо бензинец располага со 115 КС, а 1.5-литарскиот четири-цилиндричен мотор со 150 КС. Покрај стандардниот 6-степен менувач, на купувачите опционо ќе им се нуди и 7-степен автоматски менувач со две спојки, а преносот на силата во секој случај ќе оди само на предната осовина.

Првите примероци од единствениот кабриолет на Volkswagen за купувачите во Европа ќе бидат испорачани кон почетокот на оваа престојната пролет.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close