fbpx

Tesla достигна вредност од 100 милијарди долари

Пазарната вредност на американскиот производител на електрични автомобили Tesla по прв пат го надмина износот од 100 милијарди долари

Со достигнувањето на оваа сума, Tesla стана првата берзанска компанија од автомобилската индустрија која успеала во такво нешто. Истовремено, основачот и директор на компанијата, Елон Маск, благодарение на пазарниот рекорд на компанијата, на пат е да добие плата во износ од неверојатни 346 милиони долари.

Акциите на Tesla минатата недела пораснаа за дополнителни 1,4 проценти на 550 долари, а потоа за 7,2 проценти откако аналитичарите на New Street Research своите прогнози за цената на акциите на Tesla во следните 12 месеци ги зголемија на 800 долари.

Пазарната вредност на Tesla мора да го задржи нивото од 100 милијарди долари во период од шест месеци, со цел да се активира првата транша опции кои ќе му овозможат на Маск да купи дополнителни акции. Tesla не му исплаќа на Маск месечна заработка или бонуси, но неговиот пакет надомест за 2018 година би ги соборил сите рекорди кога станува збор за платите на извршните директори ако акциите продолжат да растат и се постигнат клучните цели во произовдството, оценуваат аналитичарите. Според проценките на New Street Research, Tesla ќе продава 2 до 3 милиони автомобили годишно по 2025 година.

Вредноста на акциите на Tesla се зголемија за повеќе од двојно во последните три месеци и, непосредно пред Божиќ, достигнаа 420 долари по акција. Токму таа цена ја посакуваше Маск, во својата намера фирмата да ја претвори во класична приватна.

Маск во моментов поседува една петтина од компанијата или 34 милиони акции и би можел да стекне дополнителни 20 милиони ако се оди според планот.

Tesla ја надмина вредноста на General Motors и сега вреди повеќе од GM и Ford заедно, по бурната година во која Маск повторно се соочи со американските регулатори поради проблемите во фабриките на оваа американска компанија во Калифорнија.

Поврзани вести

Back to top button