fbpx

Tesla планира да отвори фабрика во Велика Британија

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla наводно повторно е во преговори за отворање на свој погон во Велика Британија

Според пишувањата на британските медиуми, претставници на Tesla веќе разговараат со властите на Островот во врска со потенцијалната локација на новата фабрика. Колку се вистинити овие информации засега е непознато, но факт е дека Елон Маск неодамна престојуваше во Велика Британија и возможно е токму тоа да била неговата причина за посета на оваа земја.

Tesla е в голем налет и јасно е дека актуелните капацитети на компанијата кога станува збор за производство наскоро нема да бидат доволно за да ја задоволат се поголемата побарувачка за автомобилите на американскиот бренд.

Велика Британија веќе беше опција за фабрика на Tesla, но Маск на крајот ја избра Германија, односно околината на Берлин, најмногу поради излегувањето на Велика Британија од Европската унија и несигурноста која ја предизвика Brexit. Погонот крај Берлин би требало да започне со работа кон почетокот на следната година и оттаму ќе пристигнуваат Model 3 и Model Y за европскиот пазар. Освен возила, во германската фабрика ќе се произведуваат и батерии.

Британските медиуми истакнуваат дека владата е подготвена да му понуди земјиште на Tesla во Сомерсет што се поклопува со нивните барања во врска со локацијата. Освен тоа, наведуваат дека Tesla покрај фабрика би отворил и развоен центар. Сметајќи го и погонот во Германија, американската марка во моментов има четири фабрики, по една во Калифорнија, Аризона и Шангај.

Поврзани вести

Back to top button