fbpx

Tesla подготвува помал Cybertruck специјално за Европа

И додека Tesla ги отфрли плановите за намалување на големината на Cybertruck, првиот човек на американската компанија Елон Маск најавува помала верзија на електричниот пикап за Европа

Кратко по претставувањето на протитпот на Tesla Cybertruck минатата година, Елон Маск започна да зборува за подготовка на помал електричен пикап кој ќе го собере во обична гаража. Претходно оваа година, првиот човек на американската компанија за производство на електрични автомобили во неколку наврати коментираше за Cybertruck, односно дека ќе добие поинаква форма кога ќе влезе во производство.

Извршниот директор на Tesla исто така најави дека најголемата промена на Tesla Cybertruck во однос на прототипот ќе биде тоа што ќе се намали големината за околу три проценти. Но, во мај Маск ги отфрли плановите за намалување на димензиите на електричниот пикап по прегледувањето на дизајнот со неговиот главен дизајнер.

Сепак, тој не ја отфрли во целост можноста за правење на помала верзија во иднина, а сега, на својот традиционален начин, преку Twitter, тој соопшти дека многу е веројатно Cybertruck да добие помали димензии за европскиот пазар.

Познато е дека веќе се постави прашањето дали електричниот пикап воопшто ќе успее да ги помине сите неопходни тестови за хомологација за продажба во Европа, поради што Маск размислува за уште покомпактна верзија, наменета за европските потрошувачи. На прашањето дали постои шанса за помал Cybertruck за Европа, Елон одоговори дека е мошне веројатно тој модел да постои во иднина.

Но, шефот на Tesla исто така откри дека компанијата има и „план Б“, а тоа е пласман на уште еден пикап, со помалку „егзотичен“ изглед во однос на Cybertruck, но сепак нешто поинакво во однос на она што во моментов се нуди на пазарот.

„Во моментов на сцената има многу пикап модели и сите си личат меѓусебно. Тешко можете да најдете разлика меѓу нив. Тесла може да произведе вакво возило, тоа е многу лесно“, изјави Маск.

Поврзани вести

Back to top button