fbpx

Tesla собра преку 500.000 нарачки за Cybertruck

Новиот модел на компанијата Tesla, пикапот Cybetruck доживува огромна популарност, за кој според информациите во моментов има над 500.000 нарачки

Американските медиуми пренесуваат информации од форумот Cybertruck Owners Club дека во моментов постојат 522.000 нарачки за Tesla Cybertruck возилото. Од Tesla се уште не ја потврдиле оваа информација, но истата не ја ни демантираа, па се верува дека бројот на нарачани возила е сосема реален. Дополнителна „потврда“ на сето ова е и фактот дека првиот човек на Tesla, Елон Маск, преку својот Twitter профил ја сподели одредени информации уште во ноември минатата година кога бројот на нарачани возила изнесуваше 250.000.

Маск ја нема „апдејтирано“ оваа информација во последните три месеци, а сето ова дава причина да се верува дека Tesla Cybetruck навистина е нарачан во преку 500.000 примероци, иако никој од американската компанија за производство на електрични автомобили не сакаше да ги коментира овие наводи. Бројката од 522.000 нарачани возила значи и просек од речиси 6.000 нарачки секојдневно.

„Нема да ги коментираме изнесените бројки, но можам да кажам дека побарувачката е далеку поголема од она што ние реално можеме да го направиме. Сепак, за неколку години сето тоа ќе биде реалност“, изјави Елон Маск.

Интересно е и да се напомене дека линкот за Cybertruck моделот го снема од американскиот вебсајт на Tesla, иако истиот е се уште видлив на останатите сајтови на компанијата, како оној во Канада и Франција. Веројатно со тоа што го снема линкот за нарачки на американскиот сајт, можно е компанијата да испраќа порака дека се пребукирани со нарачки и ги насочуваат своите клиенти да нарачаат друг автомобил од Tesla.

Според нарачките за Cybertruck, само 17 проценти од луѓето го посакуваат моделот со еден мотор. Тоа е поевтината варијанта од 40.000 долари, додека повеќето се заинтересирани за верзијата со два електромотори чија цена изнесува 50.000 долари и повеќе.

Поврзани вести

Back to top button