Tesla воведе нови ограничувања на станиците за полнење
Tesla ја забрани употребата на своите Supercharger- полначи, на електрични автомобили купени по 15 декември, како за такси и возилата на служби за снабдување
Пристапот до уредите не е дозволен и за возилата на владини организации, соопштува Forbes.
Според претставник на Tesla, мрежата Supercharger моментално не успева да се справи со постојано зголемување на бројот на електрични автомобили. Излезе дека поради такси превозниците, како и други автомобили кои се користат за комерцијални цели, до полначите „ не може да дојдат“ корисниците на брендот.
Од компанијата се категорични дека ако се наруши забраната, пристапот до сите Supercharger станици ќе биде забранет. Како тоа ќе биде направено не е одредено, но од Tesla сметаaт дека до тоа нема да дојде. Во моментов има 1,043 Supercharger станици низ целиот свет кои имаат 7.496 пункта за полнење.
До крајот на 2016 година корисниците на Tesla можеа целосно да ги користат станиците за брзо полнење. Но, од почетокот на 2017 година, новите сопственици на возила на брендот веќе наплаќаат или за минути на користење, или за киловат часови енергија, во зависност од локацијата на Supercharger полначот.