Тест Кia Sportage: Проверен рецепт

Четвртата генерација на најважниот модел на Kia и секако најпродаваниот модел во Европа стигна до својот редизајн. Sportage модел 2019 со себе носи новини и подобрувања, како во дизајнот, така и на технички план. Како што и потенцираа на самото претставување на нашиот пазар, ова е еден од најсилните адути во сегментот каде припаѓа

Импортерот за Kia возилата во Македонија пред краток период меѓу првите во регионот и официјално го претстави, а за кратко време еве го и во нашата редакција. Колку е Sportage популарен меѓу купувачите зборува фактот што во текот на 2018 година ја надмина продажбата на Kia Rio, модел кој долго време ја држеше првата позиција на брендот.

Досегашниот добро прифатен изглед послужи како здрава основа, но место за технолошки и технички подобрувања секогаш има. Дизајнерски Sportage навистина комплетно созреал, иако во предниот дел сè уште ја има препознатливата маска, но овој пат со една хоризонтална линија која некако го прави моделот помоќен. Мошне добро се вкомпонирани и новите светлата за магла. Назад се истакнуваат новите стоп светла со LED технологија, со лајсна која ги спојува, но воедно предизвикува Sportage од оваа перспектива да изгледа поширок и подинамичен.

Kia Sportage

Ентериер со побогато опкружување

Димензиите на Sportage се немаат променето, а исто така задржан е и просторот и комфорот во внатрешноста. Самото возачко опкружување и кокпитот сега се побогати. За пофалба е централната конзола каде има одличен распоред, што го прави патничкиот простор дополнително зголемен.

Задните седишта се доста удобни и пријатни за патување. Сликата на модерен и практичен кросовер ја надополнува багажникот кој има двојно дно и вкупна зафатнина од 503 литри, што со рамните страници го прават мошне функционален. Доколку задната клупа се спушти, багажниот простор се зголемува до неверојатни 1.492 литри. За комплетен филинг се грижи двозонската клима, а веќе во првото ниво на опрема, познато под името Vision се наоѓа 7-инчен LCD дисплеј чувствителен на допир во кој е вградена конективна поддршка, а ги опфаќа двете најпопуларни платформи: Android Auto и Apple CarPlay. Дополнително, веќе во основниот модел Vision, се вградени и задна камера и сензори за паркирање.

Погонска еволуција со акцент на ефикасноста

При развојот на новиот Sportage во главниот фокус било и зголемувањето на ефикасноста на агрегатите и перформансите, секој мотор во понудата е во склад со најновите EURO 6D TEMP стандарди, а воедно нудат добар спој на динамичност и штедливост. Најголемата новина е дизел агрегатот 1.6 CRDi кој доаѓа во две опции (Low power) од 115 КС и (High Power) од 136 КС каде помоќниот агрегат нуди достапни опции за AWD погон на сите четири тркала и седум степена автоматска трансмисија со двојно квачило.

Во бензиските изведби достапни се агрегатите 1.6 GDi со моќност од 132 КС и 1.6 TGDi со 177 КС кој истo така нуди опции за погон на сите четири тркала и автоматска трансмисија. Тоа е само дел од понудата на агрегатите, а новитет е 2.0 CRDi 48V Mild Hybrid со 185 КС стартер генератор и батерии од 48V за рекуперација на кинетичката енергија. Сите агрегати се опремени со системот ISG кој го исклучува агрегатот при работа во место.

Kia Sportage

Моделот кој го имавме на неколкудневното возење беше опремен со First Edition опремата. Тоа е ниво на опрема кое е комбинација помеѓу Vision и Advance. Дополнително од основинот модел се системите за безбедност кои се вградени, а искрено многу помагаат при возење во градскиот метеж. Од голема помош нам ни беше BSD-системот за детектирање на возила во „мртов агол“, а неможе да не го напоменеме и LKAS-системот кој го одржува возилото во лента. Не успеавме да го искусиме, но според спецификацијата која ја добивме за Sportage, вклучен е и FCA-системот за автономно сопирање.

Под капакот, моделот кој го возевме беше опремен со новата изведба на дизелскиот агрегат. Тоа е High Power извдебата на 1.6 литарскиот мотор кој развива 136 коњски сили и 320 Nm максимален вртежен момент. Сето тоа беше одлично вклопено со автоматскиот менувач кој досега се вградуваше само во 2.0 литарскиот агрегат на Kia. Двојното квачило нуди брза промена на степените на пренос и го истакнува спортскиот карактер на автомобилот. Преносот на сите четири тркала, заедно со трансмисијата и моторот го забрзуваат Sportage до 100 km/h за одлични 12 секунди, а максимумот го достигнува на 180 km/h. И сето ова е одлично, имајќи во предвид за габаритот на бестселерот на Kia.

Sportage модел 2019 ги задржа одличните возни својства, со добрата звучна изолација и конструкција. Квалитетот на материјалите и нивната технологија на спојување и понатаму даваат чувство на цврста завршна изработка. Kia во Европа има планови да ја продолжи одличната продажба на моделот. Со цел да биде поблиска до купувачите и да одгвовори на европските стандарди, Kia точно една година однапред ги воведе EURO 6D TEMP стандардите. За нашиот пазар се очекува да го продолжи епитетот носечки модел како за импортерот, така и за сегментот општо. Цената на вака понудениот модел со оние додатоци кои ги споменавме чини 31.850 евра, а акциската цена на почетниот модел со 1.6 GDI со 132 КС во Киа Моторс Македонија изнесува 16.950 евра.

Ценовник:
Бензински мотор:
1.6 GDI (97kW/132KS) 2WD M6 VISION19.550 евра
1.6 GDI (97kW/132KS) 2WD M6 ADVANCE22.550 евра
1.6 T-GDI (130kW/177KS) 2WD M6 ADVANCE24.550 евра
Дизел мотор:
1.6 CRDi (100kW/136KS) 2WD M6 VISION22.550 евра
1.6 CRDi (100kW/136KS) 2WD M6 ADVANCE26.450 евра
2.0 CRDi (136kW/185KS) AWD M6 ADVANCE28.990 евра
Технички податоци за Кia Sportage 1.6 CRDi 136 First Edition AWD AT
Еуро стандард:EURO 6d
Дизел агрегат:1598 ccm
Моќност:100 KW /136 KS
Максимален вртежен момент:320 Nm/ 2000-2250 врт/min
Максимална брзина:180km/h
Забрзување од 0-100 km/h:12,0 sec
Потрошувачка (отворено/просечно/град) на 100 km:5.3/5.2/5.2 l
Менувач:Автоматски 7 степени
Должина:4485mm
Ширина:1855 mm
Висина:1645 mm
Меѓуоскино растојание:2670 mm
Волумен на багажен простор:503 l
Капацитет на резервоар:62
Пневматици245/45 R19
Тежина:1.425 kg
Емисија на CO2:104 – 115 g/km

Повеќе информации на https://kiamotors.com.mk/.

Поврзани вести

Back to top button