fbpx

Тест Peugeot 108: Францускиот градски шармер

Малите возила се од особено значење за урбаното движење, а во оваа категорија францускиот автомобилски производител се пласира со малиот 108

Малите возила се од особено значење за урбаното движење, а тој податок добро го знаат и автомобилските компании. Иако на возилата од овој сегмент заработувачката е најмала производителите кои држат до себе не смеат да го изостават овој тип на автомобили од својата понуда. Марката Peugeot во сегментот на градски автомобили од својот каталог на европскиот пазар го нуди моделот 108, кој е еден од двата модели на групацијата PSA кој заедно со Citroen C1 излегуваат од единствениот погон што се наоѓа во Чешка.

Поглед кој заведува

Co моделот Peugeot 108 ни доаѓа и препознатливиот дизајнерски јазик на францускиот призводител, но во оваа прилика има за цел да и се додвори на помладата популација. На предниот дел од автомобилот доминира елементите кои се сретнуваат и кај останатите модели на марката со кои малиот автомобил добива динамичност, а модните трендови се дополнети и со пар LED дневни светла поставени самиот завршеток од браникот.

Димензиите го диктираат и обликот, но гледано од профил може да се забележи дека каросеријата изгледа многу поатрактивно отколку другите припадници во овој сегмент. Тоа особено може да се забележи на долниот дел од предниот браник и завршетокот на кровот на задниот дел со што е дадена дополнителна динамика на севкупниот дизајн.

Надворешност 1/4 | Peugeot 108
Надворешност 2/4 | Peugeot 108
Надворешност 3/4 | Peugeot 108
Надворешност 4/4 |

    На задниот дел е продолжена „лавовската“ изведбата од предниот дел со тоа што тука таа ја креираат задните светлосни елементи со нивната графика. Севкупно гледано моделот 108 поседува посебен каратер со кој јасно изјавува дека при креирањето на градски автомобили може да се покаже стил иако тие доаѓаат во мало пакување.

    Персонализацијата во прв план

    Внатрешноста на Peugeot 108 го прати трендот кој го диктира надворешноста. Кабинскиот простор е целосно во склад со новите автомобилски трендови и нуди максимални можности за персонализација. Можноста секој купувач да може да го персонализира својот автомобил е се популарно во светот, така е и кај Peugeot 108.

    Покрај добро осмислените пакети индивидуалноста може да се искаже и преку многубројните додатоци изработени во голема колoр палета. Надворешните габарити не ветуваат многу, но во реалност во внатрешноста комотно може да се сместат 4 возрасни лица. Место има и во багажникот, но не доволно целото семејстово да отпатува на годишен одмор, секако. Волуменот од околу 180 литри може да одговори единствено на секојдневните потреби за пазарење, сепак ова е автомобил од само 3,5 метри и не треба да се очекува повеќе.

    Внатрешност 1/4 | Peugeot 108
    Внатрешност 2/4 | Peugeot 108
     Внатрешност 3/4 | Peugeot 108
    Внатрешност 4/4 | Peugeot 108

      Инструмент таблата е поставена во мала рамка налик на оние кај моторциклите, истата е изведена во комбинација на аналогни и дигитални инструменти, а единствено недостасува бројачот на вртежи на моторот. Аудио уредот го зазема врвот од централниот дел и покрај тоа што служи како класичен радио приемник во оваа конфигурација поседува и USB влез преку кој може да се репродуцираат аудио фајлови.

      Комбинација на динамика и штедливост

      Моделот Peugeot 108 кој ни беше даден на неколкудневно дружење го поседуваше проверениот агрегат со зафатнина од 998 см3. Француските инжињери постојано трагаат по совршенство, затоа овој трицилиндерски агрегат претрпе минимални преправки со цел да добие на ефикасност и еластичност, а воедно и да ја намали емисијата на штетни издувни гасови под границата на 100 г/км.

      Кубатурата на трите цилиндри е во можност да произведе 72 КС кои се расположиви на максимални 6.000 врт/мин, воедно поседува вртежен момент од 93 Nm што својот максимум го постигнува на 4.400 врт/мин. Иако му недостасува еден цилиндар тоа во пракса не може да се забележи, избалансираното работење и урамнотеженста на агрегатот ги анулира сите предрасуди. Покрај тоа малата тежина во соработка со наведените податоци му подаруваат темперамент и доза на агилност во градскиот сообраќај за што свој удел има и мануелениот менувач со пет степени на пренос кој е доста брз и прецизен во работата.

      1 |
      2 | Peugeot 108
      3 |
      3 | Peugeot 108

        Модерно конструираниот агрегат може да се пофали со респектабилни перформаси, ако се земе предвид класата во која припаѓа, „стотката“ ја достигнува за 14 секунди, а стрелката на брзиномерот застанува на 160км/ч. Малиот 108 во град е на свој терен каде што неговите доблести се истакнуваат најмногу, малата потрошувачка во нерамномерниот ритам на секојдневниот урбан циклус на возење резултира со биланс помал од 6 литри на 100 километри.

        Ситуацијата се менува кога со него ќе излезете на отворен пат, Peugeot 108 со овој агрегат е предвиден за урбана употреба, затоа од него не треба да се очекуваат чуда. Доколку сте тргнати на подолга дистанца добро е да знаете дека доколку сакате чести излети во левата лента, истите треба предходно добро да се испланираат, затоа пак доколку стилот на возење ви е полежерен може да сметате на потрошувачка која се движи во зоната од 4,5 литри на секои 100 изминати километри.

        Peugeot 108 останува верен на својата целна група, на оние кои ги ценат практичноста, агилноста и динамиката во мало, елегантно и шик возило. Вистински избор за понежниот пол и одличен изговор за нивните партнери кои знаат што значат наведените карактеристики и затоа ќе бараат причина плус зошто баш денес Peugeot 108 им е многу потребен за да завршат одредена работа која патем е неодложна.

        Цената на тестираниот примерок изнесува 8.990 евра.

         

        Технички податоци за Peugeot 108 Active Pure Tech 72 КС:

        мотор Euro VI, бензин, четиритактен, трицилиндерски, водено ладен, сместен напред попречно
        работна зафатнина 998 cm3
        пречник и од 71,0 x 84,0 mm
        степен на компресија 10,5:1
        напојување две брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа
        максимална моќ 72 KС (53 kW) при 6.000 min/-1
        макс. вртежен момент 93 Nm при 4.400 min-1
        трансмисија на предните тркала преку 5-степен мануелен менувач
        потпирање напред Мекферсонов систем, независни попречни водилки, стабилизатор, назад торзиона оска, спирални пружини, телескопски амортизери
        сопирачки напред дискови, назад барабани, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ
        пневматици 165/65 R14 (напред) 165/65 R14 (позади)
        каросерија хечбек со пет врати, пет седишта
        должина х ширина х висина 3.475 x 1.615 x 1.460 mm
        меѓуоскино растојание 2.340 mm
        траги (напред/назад) 1.425/1.420 mm
        тежина 935 kg
        максимална тежина 1.240 kg
        багажен капацитет 180 литри
        резервоар 35 литри
        максимална брзина 160 km/h
        забрзување 0-100 km/h 14,0 секунди
        потрошувачка (отворен пат/град/просек) 3,6/4,8/4,1 l/100km
        емисија на CO2 93 g/km

         

        Peugeot 108 во Македонија:

        Peugeot 108 Active VTi 10.690 евра
        Peugeot 108 Active VTi ETG5 11.540 евра
        Peugeot Allure VTi 11.590 евра
        Peugeot Allure VTi ETG5 12.440 евра
        Peugeot Top! VTi 12.590 евра
        Peugeot Top! VTi ETG5 13.440 евра

         

        Повеќе информации во Еуроимпекс или на тел. (02) 3111 000.

        Конкуренти:

        Citroen C1 oд 10.490 до 12.490 евра
        Toyota Aygo oд 9.390 до 14.990 евра
        Renault Twingo oд 9.990 до 14.000 евра
        Volkswagen UP oд 11.062 до 13.669 евра

         

        Погледнете го 108 низ објективот на АвтоПлус: 

        Поврзани вести

        Back to top button