ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Веќе се тестира новиот Land Rover Defender

На интернет просторот веќе се најдоа фотографии на новата генерација на култниот SUV Land Rover Defender, кој се очекува да биде на пазарот во 2020 година

Првите тестови на автомобилот веќе се направени во Велика Британија, а во моделот може да се види тагот: #BEST4X4XFAR (најдобар 4х4 досега). Land Rover Defender е сериозно камуфлиран, но камуфлажата не ги крие неговите линии, а исто така може да се препознае и маската на ладилникот која е препознатлива за Land Rover.

Land Rover Defender има 2.0 литарски турбо дизел мотор кој е достапен во повеќе верзии – 150, 180 или 240 коњски сили. Најверојатно турбодизелот ќе биде помогнат со хибриден агрегат, а ветувањето на компанијата е дека сите нови автомобили Defender ќе бидат електрифицирани, а голема е и веројатноста да станува збор за полни хибриди.

Креаторите на втората генерација на автомобилот ветуваат дека новиот автомобил ќе биде полесен за сметка на алуминиумските елементи, а неговата проодност ќе биде повисока од онаа на претходникот.

Land Rover Defender

Клучни зборови

Поврзани вести

Close