fbpx

Тестирање на системот за одржување во лента кај Nissan Altima 2020

Да се остане на вистинската патека - тестирање на системот за одржување во коловозна лента во кривини

Вештачката интелигенција во автомобилите работи совршено на прав пат, кога сообраќајот е лабав, а ознаките на коловозните ленти се светло жолти или светло бели. Во неодамнешниот тест на Nissan Altima 2020 година, во САД решиле да одат надвор од линиите (во теоретска смисла) и да тестираат во кривини, каде сообраќајот е прилично интензивен, а ознаките на лентите не се секогаш совршени. Во повеќе области во САД постојат сосема нови патишта со свежо обоени ознаки, но тоа не е норма. Во повеќето случаи, патиштата се прилично искористени и ознаките се малку избледени. Во новинарството велат дека тоа е добро сценарио за тестирање. Nissan Altima-та ја возеле неколку пати на понови и постари патишта, на дожд и снег и во светли сончеви денови.

Најинтересно откритие е дека сите сигнали што ги прави возилото се прилично корисни. Altima ќе даде звучен сигнал ако автомобилот излезе надвор од лентата, благодарение на она што Nissan го нарекува ProPilot Assist. Има мала икона на управувачот, која се користи за активирање на безбедносниот штит што наликува на Bluetooth знак. Интересно е што Altima исто така бипка, кога ја прилагодува брзината во однос на автомобилот напред. Ако речеме дека се вози со 85 km/h, но контролата на брзината на движење е поставена на 95 km/h, ќе се слушне звучен сигнал кога се продолжува со нормалната брзина на движење.

Altima исто така, ја прилагодува брзината во кривина. При тестирањето забележано е како брзината се намалува автоматски кога кривината е поинтензивна, а потоа кога автомобилот ќе продолжи со нормалната брзина повторно ќе даде звучен сигнал. Порано, само луксузни автомобили од Mercedes-Benz или BMW ја прилагодуваа контролата на брзината на движење во кривина, но Altima го прави ова со леснотија.

Altima

Што се однесува до одржувањето во коловозната лента, системот работи доста добро и на добри и на лоши патишта. Како што одминува времето, производителите на автомобили како Nissan ќе продолжат да ги нагодуваат алгоритмите за различни услови на патиштата. Прашањето е колку бипкање можеме да поднесеме или колку сакаме возилото да преземе контрола. Со тестот забележале дека Altima го потсетува повремено возачот да се држи за воланот.

Поради можностите за тестирање на системите за одржување во коловозната лента кај многу неодамнешни модели од различни производители, особено им се допаднало колку авторитативно функционира во Altima. Не ја презема контролата, но исто така ги фино ги задржува работите убаво во центарот. Резултатот од возењето покажува дека Altima константно ги следи обележјата на лентите и повеќе пати ги доживеале меките поттурнувања за враќање во лентата, односно микро-прилагодувањата што инаку би требало да ги направи возачот. Технологијата е најдобра кога едвај се забележува дека прави нешто, но сепак работи напорно, за возачот да не мора да се фокусира толку многу.
Без очигледни ознаки на лентите, Altima сепак настапува достојно за восхит и одржува постојана позиција на центарот, бидејќи се обиделе самите да се поттурнат до моментот кога возилото ќе рече „не под мој надзор” и ќе ги компензира грешките.

Фактот дека системот за одржување во коловозната лента е достапен во седан од средна големина, чија цена за основниот модел во САД 24 100 долари е навистина импресивно.

Поврзани вести

Back to top button