fbpx

TomTom „уловен“ додека снима во Скопје

TomTom е холандска компанија која се занимава со развој и креирање на локациска технологија, а за нас најпознат е по своите навигациски системи за автомобилската индустрија

Холандската компанија TomTom која е најпозната по својата локациска технологија е најпозната по развојот и производство на навигациски системи за автомобилската индустрија. TomTom е главниот провајдер на податоци за мапрање на Maps апликацијата на Apple, a исто така има партнерски односи и со Volkswagen групацијата со која има заедничко истражување за Highly Automated Driving системите.

Сега, TomTom успеавме да го забележиме на улиците на нашиот главен град. Имено, станува збор за возило од Полска задолжено за снимање и мапирање на улиците во Скопје, поточно на еден од новите булевари, за својата прочуена дигитална мапа на светот и главната дата база на компанијата, а се со цел да овозможи уште подобри услуги за своите корисници.

При процесот на снимање се собираат голем број информации, со што се испраќаат податоци до мапата и се подобрува прецизноста, а со тоа се добиваат сите детали кои им се потребни на возачите како што се ограничувањата на брзината, имињата на улиците, адресите и сето она што мапите на TomTom го нудат.

Покрај ваквиот процес на снимање и мапирање на лице место со автомобил, TomTom користи и Machine Data Sourcing процес, сателитско пресликување и голем број сензори со цел да прикаже реални и прецизни податоци за своите клиенти.

Поврзани вести

Back to top button