Топ 20 автомобили на деценијата според Top Gear

Познатиот британски магазин ги избра 20-те најдобри автомобили кои се појавија во изминатата деценија

Top Gear состави на моменти одлична, а сепак на моменти и шокантна топ листа. Истата ја сочинуваат 20 автомобили кои според мислењето на редакцијата на овој магазин ја одбележаа деценијата која наскоро ќе биде зад нас.

Секако, на листата се возила кои во секој случај заслужија да се најдат на оваа листа. Тука пред се се мисли на Tesla Model S, Alfa Giulia QV, потоа триото P1/918/LaFerrari кое го дели осмото место, следува Honda Civic Type R, BMW Серија 1… Но, на листата се најдоа и имиња кои се навистина неочекувани.

Со оглед на тоа дека Англичаните го сметаат Ford практично за свој, оттаму на листата се најде и Ford Fiesta ST. Иако станува збор за одличен „хот хеч“, прашање е дали баш заслужи да се најде на ваква листа… Во Топ 20 некако се најде и Volkswagen Up! Шокантно е што меѓу 20-те најдобри автомобили на деценијата е сместен и Ariel Nomad, кој тешко може да се вброи меѓу конвенционалните модели. Сепак, шлаг на тортата е и Porsche Taycan, не затоа што овој автомобил е лош, туку затоа што Top Gear веќе си дозволи еден скандал со Taycan, кога на тестот за забрзување практично ги лажираа податоците. Очигледно е дека во овој магазин многу го сакаат Porsche, што може да се види и од приложената листа.

Ова е изборот на Top Gear за 20 најдобри автомобили на оваа деценија:

1. Tesla Model S
2. Toyota GT86
3. Ford Fiesta ST
4. BMW i8
5. Alfa Romeo Giulia QV
6. Honda Civic Type R
7. Ferrari 488 Pista
8. McLaren P1/Porsche 918/Ferrari LaFerrari
9. Porsche Cayman GT4
10. McLaren 675LT
11. Lotus Exige V6
12. Mercedes SLS Black
13. BMW Серија 1M
14. Alpine A110
15. Porsche Taycan
16. Bugatti Chiron Super Sport 300+
17. Ariel Nomad
18. Volkswagen up
19. Porsche 911 Gt3 Touring
20. Koenigsegg Regera

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close