Toyota го покажа GRMN Yaris кој доаѓа во ограничена серија
Toyota претстави потентна нова верзија на популарниот GR Yaris на Салонот во Токио официјално наречен GRMN Yaris
![Toyota GRMN Yaris](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2022/01/Toyota-GRMN-Yaris-2-780x470.png)
Јапонскиот производител подготви нова верзија од GR Yaris, а станува збор за многу попотентна и поспосбна варијанта која е подготвена за одлични перформанси и на неасфалтирани патишта и го носи името GRMN Yaris. Овој хот хеч ќе биде ограничен само за јапонскиот пазар и ќе се произведат само 500 единици.
Самиот модел мина низ серија на унапредувања во однос на стандардниот GR Yaris, а може да се добие со Circuit или Rally пакет, а во секој случај и двете ја намалуваат тежината на моделот. Сите Toyota GRMN Yaris модели ќе имаат пократок сооднос на шестстепениот мануелен менувач во однос на стандардниот автомобил. Задните седишта исто така се отстранети и двата модели имаат карбонски хауби. Ригидноста на автомобилот е драстично зголемена, а моделите добиваат и нови Recaro тркачки спортски седишта.
За напојувањето на GRMN Yaris е станардниот 1,6-литарски трицилиндричен турбо мотор, кој испорачува 268 КС според јапонските спецификациите и 390 Nm максимален вртежен момент, што е за нешто повеќе во однос на 370 Nm во однос на стандардниот GR Yaris. GRMN Yaris исто така добива и механички диференцијали со ограничено пролизгување напред и позади, наместо Torsen диференцијали како кај стандардниот автомобил.
Дополнителни подобрувања со новите пакети
Унапредувањата кои доаѓаат со Circuit пакетот вклучува и поставување на специјални 18-инчни тркала од BBS, зголемени сопирачки, нови Bilstein подесувачки амортизери, карбонско задно крило, продолжени странични прагови и преден лип спојлер. Според Toyota, оваа верзија е 20 килограми полесна во однос на стандардниот GR Yaris. Circuit верзијата на GRMN Yaris исто така е достапна со Matte Steel финиш на екстериерот и ќе се нуди само во 50 примероци.
Кога станува збор за Rally пакетот, тој вклучува нови Toyota амортизери и стабилизаторски шипки, сет за заштита на подвозјето и рол бар. Исто така, оваа верзија е 30 килограми полесна во однос на GR Yaris.
Цените во Јапонија за GRMN Yaris стартуваат од 56.000 и се зголемува до 65.000 за Circuit пакетот, односно 64.000 евра за Rally пакетот.