Toyota GR Yaris – „рели ѕверката“ дебитираше во Токио

Јапонскиот производител го претстави GR Yaris, верзијата за која веруваат дека ќе му донесе огромен успех на малечкиот хечбек

Toyota новиот Yaris го претстави кон средината на октомври минатата година, а сега пред нас е спортскиот GR Yaris за кој се погрижи Gazoo Racing. Официјалната премиера се одржа на авто салонот за тјунери во Токио, а како што веќе открија претходните шпиунски фотографии, GR Yaris за разлика од стандардниот модел има каросерија со три врати.

GR Yaris го заменува досегашниот Yaris GRMN и ќе биде регуларен дел од понудата на новиот Yaris. Тоа значи дека нема да станува збор за ограничена верзија како што беше случај со претходникот. Секако, тука се и визуелните промени која оваа варијанта ја разликува од стандардниот Yaris. Пред се, GR Yaris е 91 mm понизок од своето стандардно издание, а има и поширока трага на тркалата на задната осовина.

Во секој случај, овој GR Yaris е хот-хеч верзија на новиот Yaris, што подразбира и силен мотор 1,6-литарски трицилиндричен турбо бензинец со 257 КС и 360 Nm, 6-степен мануелен менувач, погон на сите четири тркала (со модови Normal, Sport и Track), aero body кит (проширени и изменети браници, заден дифузор, заден покривен спојлер…), понизок покрив, сет нови тркала од 18 инчи, модифицирано потпирање, поширока трага на тркалата, посилни кочници, спортски издувен систен со две издувни цевки и дотеран ентериер со спортски седишта, кожен волан и спортски педали.

„Рели ѕверка“ за цивилна употреба

Автомобилот тежи само 1.280 килограми благодарение на употребата на карбон и алуминиум, а до „стотка“ забрзува за помалку од 5,5 секунди и може да достигне до ограничени 230 километри на час.

Toyota наведува дека ја искористила својата експертиза која е стекната со учество во WRC за развој и создавање на овој автомобил. Јапонските претставници за медиумите наведуваат дека очекуваат овој модел на Yaris да донесе пресврт и да биде репер во својот сегмент.

Треба да се напомене дека GR Yaris за јапонскиот пазар развива нешто поголема сила (268 КС), а GR Yaris First Edition со дополнителни мат црни акценти чини околу 36.100 долари во Јапонија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close