fbpx

Toyota најави нови ЕВ за Европа со Sport Crossover и Urban SUV концептите

Toyota ја проширува ЕВ понудата со новиот Urban SUV концепт и поголемиот Sport Crossover кој исто така е потврден за европскиот пазар

Toyota објави два нови концепти кои ќе бидат пласирани на европскиот пазар. Станува збор за Sport Crossover за кој производителот потврди дека доаѓа во Европа во 2025 година, а веднаш потоа го прикажаа и малиот Urban SUV Concept, кој ќе биде најмалата опција во ЕВ понудата на Стариот континент.

Концептот Sport Crossover за првпат се појави во јавноста кога беше откриен на салонот за автомобили во Шангај во април оваа година. Тогаш наречен bZ Sport Crossover, беше најавен како нов продукт кој ќе биде лансиран во Кина заедно со исто така новиот SUV bZ FlexSpace во 2024 година.

Но, спортскиот кросовер повторно се појави на EV настанот на Toyota, без префиксот „bZ“ и финиширан во подискретна сребрено-сива боја. Сепак, останатите карактеристики ги задржа од моделот кој беше покажан Шангај, вклучително и затегнатиот струк, светлосниот потпис во стилот на Prius и впечатливиот заден дел. Тоа е зачудувачки храбар дизајн кој не би требало да има проблеми да ги освои симпатиите на европските купувачи.

Спортскиот кросовер е резултат на заедничкиот проект помеѓу Toyota и кинескиот BYD и, според јапонскиот производител, ќе понуди голем простор во багажникот и „дарежлив“ простор за нозете на задниот дел. Toyota смета дека купето ќе послужи како дизајнерска икона во флотата од шест нови ЕВ возила што планира да ги лансира во Европа до 2026 година, и ќе може да помогне да ги убеди возачите на возила со внатрешно согорување да го купат своето прво ЕВ и ќе послужи како стилска алтернатива на SUV опциите.

Toyota Urban SUV Concept
Toyota Sport Crossover Concept

Јапонската марка ја објави веста за европската задача на Sport Crossover во исто време со откривањето на концептот Urban SUV, мал електричен теренец со големина на Yaris кој ќе биде лансиран следната година.

Toyota Urban SUV Concept

Toyota признава дека Urban SUV концептот навестува сериска верзија на новото електрично возило кое ќе се продава во Европа во 2024 година и ќе служи како електрична алтернатива на Yaris Cross, бидејќи двата се всушност различни автомобили. Н

Еден од шесте нови електрични автомобили што Toyota ќе ги лансира во Европа во следните две години, Urban SUV ќе се бори со ривали како електричниот Jeep Avenger, Volvo EX30 и претстојниот Mini Aceman, а се верува дека ќе биде базиран на верзија на e-TNGA платформа која се користи во bZ4X. Може дури и да биде познат под слично име до моментот кога ќе излезе на улиците во 2024 година.

Toyota Urban SUV Concept
Toyota Sport Crossover Concept

Toyota засега ги задржува речиси сите технички детали за себе, откривајќи ги само надворешните димензии, кои откриваат дека 4.300 милиметри долгиот SUV е 120 мм подолг од Yaris Cross, 55 мм поширок и 40 мм повисок. Но, шефот за развој на производи на јапонскиот бренд, Андреа Карлучи, изјави за Autocar дека серискиот автомобил ќе се нуди со конфигурации со погон на предните или сите тркала и две големини на батерија, од кои најголемата може да даде опсег од околу 402 километри.

Карлучи, исто така, навести дека потенцијалниот купувач треба да се подготви за повисока цена во однос на Yaris Cross поради цената на хардверот на батеријата.

Повеќе информации за двата нови модели се очекуваат во следниот период, бидејќи лансирањето на двата автомобили е сè уште далеку, а компанијата не ги откри техничките спецификации.

Поврзани вести

Back to top button