fbpx

Toyota се врати на врвот како најголем производител на светот

Toyota успеа да го симне Volkswagen од првото место во 2020 година и успеа да се искачи на врвот како најгoлем производител на светот

Јапонскиот гигант Toyota по пауза од пет години повторно е најголемиот производител на автомобили во светот кога станува збор за продажба на нови автомобили. Минатата година јапонскиот производител продал 9,53 милиони возила, додека Volkswagen, кој досега го држеше врвот, во 2020 година успеал да продаде 9,31 милион возила.

Toyota

Според Auto News, двете компании забележале пад во продажбата во споредба со 2019 година, но големината на нивните загуби е поврзана со нивното изложување на пазарите кои беа најжестоко погодени од пандемијата. Најголемиот пазар на Volkswagen e Европа, каде продажбата опаднала за 24 проценти, додека Toyota е поголема во САД каде продажбата е опадната за 14,4 проценти во однос на 2019.

Во споредба со 2019 година, Toyota забележала пад на продажбата од 11 проценти минатата година, додека продажбата на Volkswagen се намалила за 15 проценти. Во двата случаи бројките се однесуваат на сите брендови кои спаѓаат во групациите.

Toyota се враќа на врвот за прв пат по 2015 година, кога Volkswagen го презеде приматот од нив. Оттогаш, Volkswagen започна со силна и скапа електрификациска офанзива, со тоа што голем број важни електрични возила за нив пристигнуваат оваа година, а со тоа очекуваат и да го вратат приматот кога станува збор за продажбата, но и Toyota се очекува да биде во мошне силна позиција.

 

 

Поврзани вести

Back to top button