fbpx

Kомпании како Uber најголема закана за нафтениот бизнис

Националната нафтена компанија на Саудиска Арабија, Saudi Aramco, посочи дека најголема закана за нивниот бизнис се компании како Uber.

Националната нафтена компанија на Саудиска Арабија, Saudi Aramco, посочи дека најголема закана за нивниот бизнис се компании како Uber, а не зголемувањето на популарноста на електричните возила и хибридите. Според шефот на фирмата Јасир Муфти, токму тие ќе доведат до сериозно намалување на бројот на автомобили кои стануваат приватна сопственост, соопштува Business Insider.

Според прогнозите на Saudi Aramco, интересот за електрични и хибридни ќе продолжи да расте, а во 2040 година нивниот удел ќе биде и до 20% од вкупниот број на автомоили на планетава. Но и покрај ова, компанијата е оптимист дека потрошувачката на нафта, исто така, ќе се зголеми во текот на следните 20 години. Ова мислење, сепак се разликува од најавеното од експертите на францускиот нафтен гигант Total, кои сметаат дека врвот на потрошувачка на нафтени горива ќе биде достигнат во 2030 година, по што ќе следи пад.
Saudi Aramco

Шефовите на Saudi Aramco веќе размислуваат за можности за развој на нови насоки на бизнисот, а како примарна од нив ќе биде инвестицијата во услуги за раидшеринг (заедничка сопственост на автомобили). Самата компанија од Саудиска Арабија е дел од инвестициски фонд, кој веќе плати 3,5 милијарди долари за 5% од акциите на Uber.

Поврзани вести

Back to top button