Уникатен Rolls-Royce Phantom ќе се појави на аукција

За нанесувањето на петте слоја од специјалната боја на овој Phantom, кој ќе биде понуден на аукција од хуманитарен карактер, биле потребни повеќе од 25 часа работа

Со прослава на 115. роденден во најпознатата британска автомобилска компанија Rolls-Royce ги завршија подготовките околу уникатниот модел Phantom. Скици за овој модел на јавноста и беа презентирани уште во мај.

Автомобилот пред публиката ќе се појави премиерно денеска на гала прием во луксузно стамбениот облакодер One Thousand Museum во Мајами (САД). Сите пари од продажбата која ќе трае до 13. декември, а ја организира аукциската куќа RM Sotheby’s, ќе биде насочен за борба против сидата зад која во овој случај стои хуманитарната организација Red.

Црвениот Phantom е обоен во специјална боја која во себе содржи фрагменти од кристал, а постапката за рачно нанесување и полирање на пет слоеви боја траела повеќе од 25 часа. Покрај уникатната боја, Phantom доби и единствена комбинација на материјали и боја во внатрешноста, заклучно со облогата на покривот на која е проекција на ѕвездено ноќно небо. Дизајнот на проектот го потпишува американската современа уметничка Микален Томас. Финалниот детал е плочката на работ од вратата на која пишува „115 Years of Rolls-Royce“ и „Special Commission“.

Овој Phantom под хаубата има 6.7-литарски V12 мотор кој располага со 571 КС и 900 Nm, што е доволно за 5,76 метри долгиот автомобил, тежок 2.560 килограми, од 0 до 100 километри на час да достигне за 5,3 секунди и да развие електронски ограничени 250 километри на час.

Инаку, ова нема да биде првпат за Rolls-Royce да помага во хуманитарни акции. Во 2007. година Phantom Drophead Coupe беше продадено за повеќе од 1.6 милиони долари за фондацијата на Елтон Џон.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close