fbpx

Васил Хаџиманов и новата Mercedes E-Class, гала-средба на традициите во салонот на „Мак Аутостар“

Компанијата „Мак Аутостар“ беше домаќин на мини-концерт на Васил Хаџиманов Бенд, а повод беше промоција на новата Mercedes-Benz E-Class.

Грандиозен настан со многу внимание на разни префинети детали, бидејќи токму Е-класата е единствениот модел на Mercedes што најдолго патува низ времето, секогаш носејќи врвни иновации во светската технологија.

Mercedes E-Class

Нa самиот настан беа изложени олдтајмери модели на Е-класата, произведени пред 40, 50 и 60 години, кои привлекоа огромно внимание кај гостите, враќајќи ги за миг во дел од тоа време.

Е-класата остави траен белег во историјата на автомобилите, секогаш создадена од најпознати дизајнери во своето време, пионер во разни врвни технологии.

Mercedes E-Class

Автомобил што освојувал многу први места во разни светски рели трки на издржливост, а меѓу нив е и еден уникатен автомобил, рекордер, со најмногу изминат пат од 4,6 милиони километри. Mercedes Е-класа е автомобил што се произведува во милионски бројки, на речиси сите континенти во светот и секогаш бил дел од нечија семејна традиција.

Историјата продолжува да се испишува со новата Е-класа, модел што повторно гo покажува својот сјај, лидер во автомобилската индустрија, прв промовирајќи го полусамостојното управување, сè до најнова дигитална технологија со вештачка интелигенција, кои возењето го прават безбедно и удобно.

Поврзани вести

Back to top button