Викенд тарифа: Го искрши автомобилот секунда откако го купи

Среќниот момент поради купувањето на новиот автомобил за овој човек се претвори во кошмар, но ако му е „утеха“, сигурно е сопственик на светски рекорд

Купувањето на нов автомобил за секого е возбудлив и специјален момент и доживување. Тоа не се случува секој ден, па некои сакаат тој момент да го овековечат со камера. За жал, овој нов сопственик на моделот Kia Carnival ќе го памети тој ден по несреќниот инцидент кој му се случи веднаш откако го презеде автомобилот од продажниот салон.

Веднаш штом го извади автомобилот од салонот, возачот наместо да сврти, од непозната причина се заби во ѕидот пред него. Судирот воопшто не беше наивен, иако се случи при мала брзина, а тоа го покажува и штетата на предницата, како и активираните воздушни перничиња. Добро е што во несреќата никој не е повреден.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close