fbpx

Викенд тарифа: Кои се шансите? Судир на два идентични Lamborghini Aventador

Неверојатна ситуација пристигнува од Сингапур каде два речиси идентични примероци на Lamborghini Aventador со жолта боја учествуваа во сообраќајна несреќа

Автомобилите на Lamborghini сами по себе се рети на патиштата, што ретко се гледа некој од нив да е дел од сообраќајна несреќа. Меѓутоа, се случи нешто незамисливо и нешто за што шансите се веројатно еден во милион – Два речиси идентични Lamborghini Aventador во жолта боја се судрија на раскрсница.

Секако, овој несекојдневен и речиси невозможен инцидент предизвика огромно внимание и на социјалните мрежи. За среќа, повредени во сообраќајката нема, па двата автомобили поминаа само со помали материјални штети.

Поврзани вести

Back to top button