fbpx

Викенд тарифа: Mercedes SLR McLaren, Ferrari GTC4 и Aston Martin DBS во драг битка

Екипата на Carwow ни носи уште една возбудлива и интересна драг трка, а овојпат во главните улоги се најдоа Mercedes SLR McLaren, Ferrari GTC4 и Aston Martin DBS

Mercedes кон почетокот на 2000-тите години го лансираше својот модел SLR McLaren, но продажбата не помина баш најдобро. Секако, тоа не значи дека станува збор за лош автомобил. Сосема спротивно, станува збор за навистина моќен и возбудлив автомобил кој се напојува со 5,4-литарски V8 мотор кој произведува 617 КС и 780 Nm максимален вртежен момент, а во оваа трка има, во најмала рака, рамноправни ривали.

Ferrari GTC4Lusso поседува 6,2 литарски V12 мотор кој може да произведе 681 КС и 697 Nm максимален вртежен момент, има нешто поголема маса, но и погон на сите четири тркала. На крајот доаѓа Aston Martin DBS Superleggera, кој на „хартија“ е најмоќниот автомобил. Тој се напојува со 5,2-литарски битурбо V12 мотор и испорачува 715 КС и 900 Nm максимален вртежен момент.

Поврзани вести

Back to top button