Викенд тарифа: Nissan со специјален филм за GT-R50 by Italdesign

Специјалното издание на Nissan GT-R50 направен во соработка со Italdesign вреди над 1 милион долари, а својата премиера требаше да ја доживее во Женева

Поради пандемијата на новиот коронавирус Салонот во Женева беше откажан, а Nissan го претстави специјалното издание на GT-R50, направено во соработка со Italdesign, минатиот месец. Двете компании мораа да го сменат начинот на кој го претставија својот производ, а по официјалните фотографии и презентацијата преку интернет, сега го објавија и официјалниот филм за лансирањето на автомобилот.

Филмот го прикажува GT-R50 во својот природен елемент. Покрај својот уникатен изглед, овој автомобил се нуди со повеќе опции за персонализација и пристигнува со променет систем на потпирање, унапредени сопирачки, специјални тркала и неколку уникатни карактеристики. Не треба воопшто да се споменуваат обилните промени на каросеријата. Возилото се напојува со 3,8-литарски twin-turbo V6 кој испорачува 710 КС, односно 110 КС повеќе од GT-R Nismo.

Производството на Nissan GT-R50 by Italdesign е ограничено на само 50 единици, а секој модел ќе чини над 1 милион долари. Испораката ќе започне кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close