fbpx

Викенд тарифа: Новиот Џејмс Бонд „врие“ од Aston Martin и Land Rover автомобили

No Time To Die е новиот филм за Џејмс Бонд и ќе пристигне во кината во ноември, а веќе е објавен вториот трејлер за филмот кој содржи многу автомобилска акција

За нас Џејмс Бонд е интересен и поради фактот што во новиот филм ќе се појават еден куп Aston Martin и Land Rover автомобили, а целиот трејлер започнува кога тајниот британски суперагент ќе се најде во бркотница на мост кога ќе го бркаат еден мотоцикл и четвртата генерација на Maserati Quattroporte. Кратко потоа се појавува и новиот Aston Martin Valhalla кој е еден од четирите модели во филмот, заедно со класичниот и легендарниот DB5 кој прави триумфалем камбек во животот на Бонд. Во трејлерот на кратко се прикажани и DBS Superleggera и „олд скул“ Aston Martin V8.

Нешто подоцна се појавуваат и неколку Land Rover Defender модели кои се во потера на Џејмс Бонд, а нешто подоцна се појавува и Range Rover Sport. Кога станува збор за самиот филм, нормално ќе има многу акција. Погледнете го видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button