Викенд тарифа: Porsche 911 Turbo, BMW M8 и Nissan GT-R
Нова интересна и луда драг трка во режија на момците од Carwow, a овој пат во главните улоги се најдоа Porsche 911 Turbo, Nissan GT-R и BMW M8 Competition
Возбудливата драг пресметка ја сочинуваа новиот Porsche 911 Turbo кој воедно е и фаворит во овој состав. Автомобилот се напојува со шестцилиндричен 3,8-литарски битурбо boxer мотор кој испорачува 650 КС и 800 Nm максимален вртежен момент. По него следува Nissan GT-R, односно специјалната верзија со 660 КС и 830 Nm максимален вртежен момент кои исто така ги добива од 3,8-литарски мотор.
На крајот, тука е BMW M8 Competition со „само“ 625 КС и 750 Nm максимален вртежен момент кои произлегуваат од неговиот V8 мотор.
Погледнете во видеото кој беше најбрз во оваа интереска трка.