Викенд тарифа: Првиот суперавтомобил на Елон Маск во 1999

Елон Маск е еден од најбогатите луѓе на денешницата, кратко време успеа да се искачи и на првото место, а својот прв суперавтомобил го добил уште во 1999

Се појави снимка стара околу дваесетина години на која тогаш 28-годишниот Елон Маск, штотуку станат милионер, го добива својот прв суперавтомобил. Во 1999 година, младиот Илон Маск ги заработил првите големи пари откако неговата компанија Zip2 беше откупена од IT гигантот Compaq. За продажбата Маск се почасти со еден од најпосакуваните суперспортски автомобили на сите времиња, McLaren F1, кој тогаш во САД чинел 815.000 долари.

Иако Tesla прави електрични автомобили, не значи дека Елон Маск некогаш не ги сакал и конвенционалните автомобили, па така во својата колекција имал и BMW E21 320i, Jaguar E-Type и Lotus Esprit од Џејмс Бонд филмот The Spy Who Loved Me.

McLaren F1 денеска вреди многу повеќе за колекционерите, бидејќи станува збор за легендарен и мошне редок автомобил, во тоа време најбрз на светот. Направени се само 106 прмероци, од кои 64 можат да се возат по јавните сообраќајници.

 

Поврзани вести

Back to top button