ИНТЕРЕСНОМАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Во Скопје се прославија 60 години на легендарниот модел Mini

Се одржа изложбата по повод шест-децениското постоење на популарниот британски модел Mini Morris

Изминатиот викенд во Скопје, поточно на плоштадот Делфина во населба Влае, под организација на АМК РПМ и Класик Мини, преку изложба се прослави 60-тиот роденден на легендарниот бренд и модел Mini.

На овој настан присуствуваа голем број на примероци од легендарниот Mini Morris, кои беа придружувани и од поновите генерации на оригиналниот Mini. Гостин на настанот беше и генералниот увозник на Mini во Македонија, М-Кар, кој ја претстави новата plug-in хибридна верзија на моделот Countyman.

Mini

Пријатно изненадување на настанот приреди Славјанскиот универзитет заедно со олдтајмер клубот од Свети Николе, кои го прикажаа својот проект, односно примерокот на Mini Morris изработен во стилот на оној од познатиот серијал на Mister Bean.

„Мини не е само еден долгогодишен бренд, туку тоа револуционерен автомобил кој целосно ја има променето автомобилската индустрија, поради неговиот дизајн, практичност и механика. Токму и затоа тој е прогласен за еден од најпопуларните автомобили за 20тиот век. Иако тој потекнува од Англија, неговата популарност е и низ голем број други земји, а така е и со просторите на поранешната држава Југославија каде што и се произведувал овој бренд“, изјавија организаторите.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close