fbpx

Во Volkswagen веруваат дека ќе ја престигнат Tesla до 2025

Volkswagen има за цел да ја престигне Tesla кога станува збор за продажбата на електрични автомобили и тоа за само три години од сега

Извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис, верува дека неговата компанија може да ja стигне, а потоа и да ја престигне Tesla во однос на глобалната продажба на електрични возила до 2025 година. Дис, исто така, смета дека недостигот на глобалниот синџир на снабдување малку ќе се намали и дека Volkswagen ќе има наплив на моментум кон втората половина од оваа година.

Дис ги даде коментарите за Squawk Box Europe на CNBC и вклучи голем број интересни забелешки за иднината на брендот. Се разбира, главната приказна е дека тој верува дека Volkswagen ќе ja престигне Tesla до 2025 година.

„Пазарите секогаш се за иднината. Tesla е моментално водечка кога станува збор за електричните возила, веројатно таа е веќе и најдигиталната автомобилска компанија и тие имаат некои предности. Сè уште се стремиме кон одржување и веројатно претекнување до 2025 година кога станува збор за продажбата“.

И GM и Ford имаат исти амбиции

Volkswagen е последниот во низата производители кој јавно ја објави својата намера да ja престигне Tesla во блиска иднина. Мери Бара, извршниот директор на General Motors излезе минатата година со цел да стане водечки продавач на електрични возила до 2025 година. Се надева дека дотогаш ќе произведува 2 милиони автомобили годишно.

Извршниот директор на Ford, Џим Фарли, изјави: „Планираме да ja предизвикаме Tesla и сите оние кои имаат за цел да станат најдобриот ЕВ производител на светот“. Ford вели дека планира да произведува 2 милиони автомобили годишно до 2026 година, една година по General Motors. Сепак, сето ова се сведува на една работа, а тоа е дека традиционалните производители целат кон пиедесталот на Tesla и компанијата треба да открие како точно ќе се справи со конкуренцијата. Нема дилеми дека Tesla имаше огромна предност на почетокот при производството на електрични автомобили и дека ја смени траекторијата на автомобилскиот пејзаж, но сега, се чини дека ја губи таа предност.

Tesla наскоро во својата постава треба да ги додаде возбудливите нови производи како целосно новиот Roadster и Cybertruck кои допрва треба да стигнат до производство. Останува да се види дали компанијата предводена од Eлон Маск ќе може повторно да ги помести границите и одново да стекне предност во однос на конкуренцијата.

Поврзани вести

Back to top button