Volkswagen Golf 8 пристигнува во 2019 година
Иако многумина сметаа дека следаната, осма генерација, на бестселерот на Volkswagen ќе ја видиме догодина, сепак тоа ќе се случи кон крајот на 2019
![Golf 8](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/12/Volkswagen-1200-1-780x405.jpg)
Во Volkswagen не кријат дека се е фрлено на карта на новата стратегија на компанијата, па работите одат малку побавно од најавеното.
Според извори блиски на Волфсбург, гигантот останува доследен и при креацијата на новото поколение на бестселерот. Имено дизајнот се очекува да биде еволуција на сегашното остварување со одредени модификации, а најголемата новина ќе биде, како и кај Arteon, што името на моделот ќе се најде на средишниот дел од задната врата.
Одредени зафати се очекуваат кај светлосните состави, како напред, така и позади. Меѓутоа што се однесува до ентериерот, ќе биде се сосема поинаку. Класичните инструменти ќе бидат заменети со голем дигитален екран, а со ситемите ќе се управува преку допир или со гестови.
Volkswagen Golf 8
Што се однесува до агрегатската понуда, влезна верзија е трицилиндерскиот бензинец со 95 и 116 КС, додека 1.4 литарскиот мотор ќе му го пропушти местото на новиот со 1.5 со 130 и 150 КС. Кај дизелите во понуда ќе биде само 2.0TDI со 122 и 224 КС. Golf GTI пристигнува со 245 KС во класична верзија, додека набилданата ќе расолага со 300 КС. Golf R може да смета на 400 КС и 450 Nm од 3.0 битурбо VR6 мотор.