ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Обвинителите повторно го „чешлаа“ седиштето на Volkswagen

Централата на Volkswagen Group беше повторно „претресувана“ од германските обвинители во почетокот на март, како дел од истрагата за скандалот со штетните емисии, соопшти WirtschaftsWoche

Од почетокот на март, започната е нова истрага под сомнение за манипулација на пазарот, за да се утврди дали Volkswagen „лажирал“ намерно со софтверите за емисиите на јаглерод диоксид на повеќе автомобили, отколку што призна јавно, соопшти весникот, цитиран од новинската агенција Routers.

Властите на Брауншвајг, вториот по големина град во Долна Саксонија, „прочешлаа“ 13 канцеларии во седиштето на групата во Волфсбург. Запленети се документи и компјутерски датотеки кои прецизно ќе бидат разгледани во следните неколку недели, посочува весникот, цитирајки го портпаролот на обвинителството.

Инспекторите го преиспитуваат соопштението од VW издадено на 9 декември 2015 година под сомневање дека неговата содржина не е доследна, односно сакаат да откријат дали и ова претставува случај на манипулација со пазарот.

На датумот за кој станува збор, групата соопшти дека според сопствените истражувања тие ја намалиле потрошувачката на гориво, а со тоа и емисиите на CO2 на повеќе од 36.000 возила. Оваа бројка беше многу помала од сопствената проценка на VW дека „лажирале“ со софтверот во околу 800.000 автомобили, откриени пет недели порано.

Автомобилскиот производител, исто така, изјави дека не открил никакви докази за незаконски измени во податоците за емисиите CO2, обезбедувајки одредено олеснување, бидејки со ова сакал да ги сокрие високите емисии на NOx, откриени од страна на регулаторните тела во САД во септември 2015 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close