fbpx

Volkswagen групацијата губи 2,2 милијарди евра неделно

Volkswagen групацијата се соочува со огромни проблеми поради пандемијата на коронавирусот

Херберт Дис, директорот на VW групацијата, во интервју за германскиот канал ZDF призна дека компанијата ќе мора да оптушти голем број на луѓе поради астрономските загуби од вртоглави 2,2 милијарди евра на неделно ниво. Volkswagen во моментов има продажба единствено во Кина, каде постои одредено побарување, а производството е само еден од проблемите на групацијата, тврди Дис.

„Ние во моментов не продаваме автомоили никаде надвор од Кина и нашите загуби се некаде околу 2,2 милијарди евра неделно. Мораме да направиме нова стратегија, моментално во Кина ја немаме таа дисциплина која ја имавме во Германија. Ќе биде голем предизвик да ги зачуваме работните места на луѓето во текот на оваа голема криза“, изјави Дис.

Во моментов околу 671.000 луѓе се вработени во Volkswagen групацијата, која има дури 124 фабрики ширум светот, од кои 28 само во Германија, а дури 24 во Кина.

VW очекува вртоглав раст на продажбата во Кина по епидемијата

Volkswagen групацијата во моментов продава автомобили единствено во Кина, но очекуваат уште поголеми бројки во периодот кој претстои. Шефот на VW за Кина, Стефан Воленштајн, истакна дека крајот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја ќе допринесе за вртоглав раст на продажбата на нови автомобили.

Volkswagen

Според податоците со кои располага Воленштајн, продажбата во Кина ќе се зголеми за четири пати веќе во март, што се индикации дека пазарот брзо закрепнува по ударот од коронавирусот. Тој наведе дека VW практично веќе се врати во стандардниот ритам во оваа земја, со тоа што од 24 фабрики само два погони се уште се на одмор, додека властите не дадат зелено светло за почеток на работата и на тие локации.

„Ги има сите знаци дека пазарот рапидно се опоравува. Со ова темпо до средината на годината би можеле да се надеваме дека ќе ги исполниме минатогодишните предвидувања“, изјави раководителот на VW групацијата.

Воленштајн изјави дека очекува во Кина за месец март да бидат продадени околу милион автомобили, наспроти само 250.000 во февруари. Сепак, не се сите прогнози така убави. Германскиот гигант очекува неговата продажба во Кина да опадне за 3 до 15 проценти. И покрај тешките предвидувања, Воленштајн истакнува дека VW групацијата останува доследна на своите планови и дека ќе инвестира повеќе од 4 милијарди евра во Кина, а дури 40 проценти од оваа сума се однесува на електричните автомобили.

 

Поврзани вести

Back to top button