Volkswagen ID.3 би можел да биде одличен караван

Volkswagen ја зголемува својата понуда на електрични возила со лансирање на повеќе ID-брендирани модели за кои се надева дека ќе бидат продадени во огромен број

Првиот модел во ова семејство е Volkswagen ID.3 хечбекот кој е со слична големина како Golf. Овој модел најверојатно ќе се продава единствено во хечбек варијанта, но графичкиот дизајнер Клебер Силва одлучи да направи свој рендер за тоа како овој модел би изгледал во караван варијанта, а резултатот е навистина впечатлив.

Со цел да ја направи својата верзија, Клебер го продолжи покривот на ID.3 и додаде нов заден дел. Овие елегантни пропорции прават еден VW Passat да делува неинспиративно и застарено. Не само тоа, ID.3 караван варијантата делува уште подобро и од хечбек моделот.

Колку и да изгледа концептот одлично, малку е веројатно дека ќе се појави во продукциска верзија. Сепак, не значи дека Volkswagen нема да ја искористи оваа идеја за да направи целосно електричен караван.

На неодамнешниот саем за автомобили во Лос Анџелес, германскиот производител го претстави атрактивниот ID. Space Vizzion концепт, кој во суштина е караван верзија на ID.3, иако а малку поголем. Тоа е седми концепт изграден на MEB платформата на VW и прави преглед на моделот предвиден за производство кој ќе се продава во Европа и Северна Америка.

Концептот кој беше прикажан на овој настан беше опремен со единечен електричен мотор на задниот дел кој испорачува 275 КС, иако може да се додаде електричен мотор и на предната оска за да му се даде на автомобилот комбинирани 355 КС.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close