fbpx

Volkswagen планира да се откаже од еден или повеќе MPV модели

Германскиот производител Volkswagen планира да го намали бројот на MPV моделите во својата гама, со оглед на тоа дека купувачите се повеќе се насочуваат кон SUV моделите

За разлика од некои други автомобилски компании, кои целосно се фокусираа на кросовер/SUV возилата, Volkswagen сепак во својата понуда задржа и неколку MPV модели. Меѓутоа, според најновите вести кои пристигнуваат од германскиот авго-гигант, тоа наскоро би можело да се промени.

„Мораме да согледаме дали и понатаму треба да имаме три MPV автомобили во својот асортиман – Golf Sportvan, Touran и Sharan“, истакна шефот на финансии на брендот Volkswagen, Арно Антлиц.

Најпродаван од овие три модели во моментов е компактниот миниван Touran. Меѓутоа, неговата продажба во Европа е намалена за 14 проценти на 69.814 возила, за 11 месеци во 2019. година, покажуваат податоците на JATO Dynamics.

Од друга страна, побарувањето за моделот Golf Sportvan е помал за 26 проценти (во истиот период продадени 40.215 примероци), додека Sharan забележал скромен раст на продажбата од 1,7 проценти (20.854 автомобили).Ако овие бројки се споредат со продажбата на кросовер/SUV возилата од сличните класи, се воочува голема диспропорција.

Имено, во претходните 11 месеци во Европа се продадени дури 245.056 примероци на Volkswagen Tiguan, со раст од 2,2 проценти, додека интерес за моделот T-Roc покажале 193.963 купувачи, со раст на продажбата од 46 проценти на годишно ниво

Се уште не е познато кој од споменатите миниван модели ќе биде укинат, но малку е веројатно дека сите три ќе останат на пазарот.

Поврзани вести

Back to top button