fbpx

Volkswagen го покажа најмалиот кросовер

Компанијата Volkswagen објави видео кое дава идеја за новиот компактен кросовер на брендот - T-Cross

Премиерата на автомобилот ќе се одржи на посебнa манифестација во Амстердам на 25 октомври. Во основата на Volkswagen T-Cross е платформата со променливи димензии MQB A0, врз која е изградена шестата генерација на Polo. Багажниот простор е 455 литри, што е максималниот показател во сегментот. Со спуштени задни седишта волуменот отскокнува до 1281 литри.

Малиот кросовер ќе се нуди со LED светла, целосно дигитална инструмент табла, а исто така и со безжичен полнач за мобилни телефони и таблети. Палетата на мотори вклучува 3-цилиндричен турбомотор со зафатнина од 1.0 литар, во две верзии до 95 и 110 КС. Менувачот е 6-степен мануелен или роботски со две спојки. Автомобилот ќе добие и 1.5 литарски турбомотор со 150 КС, како и два 1.6 литарски дизел, со 95 или 115 КС.

Поврзани вести

Back to top button